Баер (Леверкузен) е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул, Натаниел Филипс, информираше „Sky Sports“.
Централниот дефанзивец кој дојде во Ливерпул е поранешен играч на Штутгарт, па затоа има искуство во Бундеслигата, а во последната сезона одигра 20 натпревари за „црвените“.
Сега, сепак, Јирген Клоп смета на многу посолиден избор за неговата одбрана по заздравувањето на повредените Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, како и новото засилување Ибрахима Конате. Поради оваа причина, Баер Леверкузен покажува сериозен интерес да го врати дефанзивецот во Бундеслигата.