Раководството на Реал Мадрид понуди 80 милиони евра за сензацијата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, тврди весникот „Билд“.
Според информациите од германскиот таблоид, од „Бај Арена“ ја одбиле понудата, очекувајќи понудите да започнат од 100 милиони евра. Кралскиот клуб ги побара правата на германскиот напаѓач со идеја да го остави уште една сезона во Леверкузен и да го однесе на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2021 година.
Баерн (Минхен) ќе се приклучи во битката за 20-годишниот талент. Сепак, Баварците имаат уште еден приоритет во нападот ова лето, Лерој Сане од Манчестер Сити.