Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не замина со тимот за денешното гостување во Келн во рамките на шестото коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.
Баерн не ја соопшти причината за отсуството на нивниот голгетер, но тешко дека станува збор за повреда, бидејќи Левандовски тренираше со останатиот делод тимот на вчерашниот тренинг, пишуваат германските медиуми.
Најверојатно, тренерот на Баварците Ханзи Флик се одлучил да му даде пауза на Левандовски, кој игра полни 90 минути на скоро секој натпревар на тимот. Левандовски последен пат пропушти натпревар во јуни кога Баерн ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1. Од почетокот на сезоната, Левандовски постигна 10 гола на 5 натпревари во германскиот шампионат.

