Германскиот шампион Баерн (Минхен) ги започна подготовките денес за претстојниот завршен дел од битката за трофејот во Лигата на шампионите, но Баварците не успеаја да го комплетираат дури својот прв тренинг во целост.
Францускиот дефанзивец Бенжамин Павар заработи повреда на зглобот и доби медицински третман, по што беше изнесен од тренинг комплексот.
Инаку, тренерот Ханзи Флик има 26 играчи на терен и четири голмани. Никлас Зуле и Филипе Кутињо се опоравија од повредите, а на тренингот се приклучи и Лерој Сане. Сепак, не му е дозволено да игра во ЛШ до крајот на тековната сезона од ова натпреварување.
Фудбалерите на Баерн одморија две недели, откако во јуни и јули ја освоија двојната круна во Германија. Прва пречка за Баерн Минхен ќе биде Челзи, но Баварците имаат предност од 3:0 по првиот натпревар од осминафиналето.