Раководството на Баерн (Минхен) продолжува да бара опции со кои би го реализирале трансферот на крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане.
Баварците го сакаат Германецот повеќе од една година и нема да се откажат од овој играч ова лето. „Граѓаните“ бараат околу 100 милиони за Сане, а за да ја намалат оваа цена, од „Алијанц Арената“ се подготвени за возврат да им го понудат Лука Хернандез. Светскиот шампион со Франција е во состојба да игра и како лев бек и како централен дефанзивец, што би можело да биде атрактивна опција за Пеп Гвардиола, кој сака да привлече играчи за овие две позиции.
Баерн го донесе Хернандез пред само една година кога му платија 80 милиони евра на Атлетико Мадрид за него. Сепак, Французинот има само 16 натпревари во Бундеслигата оваа сезона. Честите повреди и напредокот на Алфонсо Дејвис, кој е нпрв избор за левиот дел од одбраната, ја искомплицираа ситуацијата за Хернандез.