Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн го возвраќа ударот, бара изненадување во Париз
    Фудбал

    Баерн го возвраќа ударот, бара изненадување во Париз

    risteBy riste13/04/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва во 21:00 часот се игра реванш четврт-финалето во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн (Минхен).

    Првиот натпревар во Германија беше вистински спектакл и заврши со успех на францускиот шампион со 3:2. Така, освојувачот на трофејот беше поразен и ставен во неповолна положба, но сега ќе се обидат да ги свртат работите во своја полза на реваншот на „Паркот на принцовите“.

    Ова ќе биде натпревар број 100 за Баерн во елиминациската фаза во Лигата на шампионите. Тие се втората екипа што стигна до ова ниво по Реал Мадрид. Баварците ќе се обидат да го одбележат овој настан со огромна победа што ќе им овозможи пласман во полуфиналето. Сепак, тие мора да победат со најмалку два гола разлика.

    Дуелот помеѓу ПСЖ и Баерн е повторување на финалето од минатата сезона, кога Баварците триумфираа со 1:0 во Лисабон. Сега, сепак, победникот ќе биде јасен по два меча, со тоа што Парижаните веќе го добија првиот дуел.

    Сепак, тие сè уште не можат да се радуваат, бидејќи мораат да го завршат она што го започнаа минатата недела. Со успехот на првиот натпревар, Французите му го нанесоа првиот пораз на Баерн во ЛШ од март 2019 година. Сега, Германците се подготвуваат за одмазда.

    Интересен е сепак податокот дека Баерн ги загуби последните четири гостувања на „Паркот на принцовите“. Вкупната статистика меѓу двата тима е во прилог и на Французите, кои имаат 6 победи и 4 порази. Покрај тоа, ПСЖ продолжил понатаму  во 16 од 17 случаи во кои го добил првиот натпревар на гостински терен во европските купови.

    Добрата вест за Маурисио Почетино е дека Марко Верати и Алесандро Флоренци веќе се опоравија од КОВИД-19. Двајцата продолжија со тренинзите, но тренерот мора да процени дали се во доволно добра физичка состојба за да играат вечерва. Голманот Кејлор Навас се повреди на натпреварот против Стразбур, но се надеваат дека ќе може да игра. Настапот на Маркињос е исто така доведена во прашање поради проблем со ногата. Сепак, Мауро Икарди и Левин Курзава се опоравија од повредите и треба да бидат во комбинација.

    Исто така Баерн Минхен има многу проблеми. Роберт Левандовски и Серж Гнабри, кои го пропуштија првиот натпревар, денес нема да играат и на реваншот. Првиот е повреден, а вториот се лекува од коронавирус. Во прашање е и Кингсли Коман откако се повреди на мечот со Унион (Берлин), а повреден е и Никлас Зуле кој нема да игра. Се надеваат дека барем Лук Хернандез ќе може да се опорави и да биде во составот.

    Веројатни состави:
    ПСЖ: Навас, Дагба, Переира,Кимпембе, Диало, Гај, Паредес, Ди Марија, Нејмар, Дракслер и Мбапе.
    Баерн: Нојер, Павар, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Мартинез, Сане, Милер, Коман и Чупо-Мотинг.
    Стадион: „Парк на принцовите“ – Париз
    Судија: Даниеле Орсато (Италија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.