Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн голем фаворит на гостувањето кај РБ Салцбург
    Фудбал

    Баерн голем фаворит на гостувањето кај РБ Салцбург

    risteBy riste16/02/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва од 21 часот не очекува интересен дуел кој е дел од двомечот помеѓу РБ Салцбург и Баерн (Минхен) од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Ова ќе биде мечот на Давид против Голијат. Еден против друг се соседите од Австрија и Германија, а сите очекувања се дека Баварците нема да имаат проблем да продолжат понатаму во Лигата на шампионите. Сепак, домаќините ќе направат се што е во нивна моќ да ги замрсат сметките на противникот.

    РБ Салцбург ќе ја брани честа на својата земја откако стана првата екипа од Австрија која се пласирала во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Иако нема ѕвезди во својот тим, тимот има многу квалитетни млади играчи кои се инспирирани да се докажат пред светот. А нема подобра можност од тоа да се соочат со гигант како што е Баерн.

    Патот на РБ Салцбург до елиминациите не беше лесен, но тимот успеа да заврши на второто место во својата Група Г со 10 бода, пред искусниот тим на Севиља. Интересно, повеќето од овие 10 бода се освоени како домаќин, што е уште еден знак дека денеска Австријците не се за отпишување и ќе дадат сериозен отпор.

    Баерн, пак, на овој двомеч доаѓа со максимален учинок во својата група. Германскиот шампион ги победи своите ривали во групата Е, забележувајќи 6 победи од 6 натпревари со гол разлика 22:3. Покрај тоа, Баварците самоуверено се насочуваат кон уште една титула во Бундеслигата, каде што имаат удобно водство на врвот. Така избраниците на Јулијан Нагелсман сега повеќе ќе се фокусираат на Лигата на шампионите, каде целта, како и секогаш, е да се освои трофејот по седми пат во нејзината историја.

    Ова ќе биде трета пресметка меѓу РБ Салцбург и Баерн во Лигата на шампионите. Двата клуба се сретнаа во групната фаза минатата сезона, кога Германците ги добија двата меча со 6:2 и 3:1. Генерално, РБ Салцбург не може да се пофали со добри резултати наспроти германските ривали, имајќи само 1 победа во последните 6 натпревари.

    Од друга страна, Баерн никогаш не бил елиминиран кога ќе се соочи со Австријците во елиминациска пресметка. Сепак, Баварците не успеаја да победат ниту едно гостување во овие пресметки со Рапид (Виена) и Австрија (Виена). Сепак, важен факт што треба да се напомене е дека играчите на Нагелсман во моментов се тимот со најдолга серија без пораз во Европа како гостин. Баерн Минхен нема пораз на гостински терен веќе 21 последователен натпревар.

    Домашната екипа има многу проблеми со екипирањето за денешниот натпревар. Не може да сметаат на Бејамин Сешко, Златко Јунузовиќ, Алберт Валичи, Брајан Око, Бернардо, Секу Коита и Усман Диакат, кои лекуваат разни повреди. Ова во голема мера ја комплицира ситуацијата на екипата.

    Голем проблем во Баерн е отсуството на голманот Мануел Нојер, кој ќе отсуствува следните 4-5 недели поради операција на која неодамна беше подложен. Од плановите на Нагелсман отпаднаа и Алфонсо Дејвис и Леон Горецка, кои се уште се опоравуваат од повредите и Џамал ​​Мусиала, кој е заразен со Ковид.

    Лига на Шампиони, 1/8 финале, прв натпревар:

    РБ САЛЦБУРГ – БАЈРЕН (МИНХЕН)

    Веројатни состави:

    РБ САЛЦБУРГ: Кион, Кристенсен, Солет, Вебер, Улмер, Камара, Капалдо, Аронсон, Зејвалд, Окафор, Адејеми

    БАЕРН: Улрајх, Павар, Зуле, Ернандез, Гнабри, Кимих, Толисо, Коман, Милер, Сане, Левандовски

    Стадион: „Ред Бул Арена“ – Салцбург
    Судија: Мајкл Оливер (Англија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Патот кон ЕП го започнавме со победа

    23/03/2023

    Семин: Кварацелија игра неверојатно добро

    23/03/2023

    Гетце: треба да се вратиме на победите

    23/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Патот кон ЕП го започнавме со победа
    • Семин: Кварацелија игра неверојатно добро
    • Гетце: треба да се вратиме на победите
    • Будка: фановите ги почитуваат руските фудбалери
    • Тотенхем гледа во Компани замена за Конте
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.