Кингсли Коман ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија
Ал-Наср постигна договор со Баерн Минхен за трансферот на 29-годишниот крилен напаѓач, објави новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг. Договорот е вреден 35 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.
Фудбалерот ќе потпише договор до 2028 година со плата од 20-25 милиони евра по сезона. Наскоро ќе биде подложен на медицински прегледи.

