Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн и Ливерпул одлучуваат, кој ќе има можност да оди по 6-та титула
    Фудбал

    Баерн и Ливерпул одлучуваат, кој ќе има можност да оди по 6-та титула

    dinoBy dino13/03/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Баерн Минхен и Ливерпул се среќаваат на „Алијанц Арена“ во мечот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот. Првиот натпревар помеѓу нив заврши без голови и без победник – 0:0. Токму затоа мора да играат по отворено вечерва и со гол повеќе постигнат во мрежата на противникот да го продолжат патот во 1 / 4 финалето. Една од овие две екипи со високи амбиции оваа сезона ќе мора порано да го заврши настапот во ЛШ. Секој од овие тимови има пет трофеи од ова натпреварување во својата клупска историја и секако сонуваат да дојдат до шеста. Нивните успеси веќе почнаа да ги забораваат навивачите, за последен пат Баерн триумфираше во 2013 година, додека последниот успех на Ливерпул е од 2005 година.На прв поглед, Баерн е во подобра форма пред денешниот натпревар. Баварците се изедначија со Борусија (Дортмунд) на прво место во Бундеслигата. Тие постигнаа две убедливи победи на последните два натпревари во кои постигнаа 11 гола – 5:0 со Борусија (Монхенгладбах) и 6:0 против Волфсбург. Тимот е во серија од 13 последователни успеси во шампионатот и дефинитивно импресионира со својата моќ.Во меѓувреме, Ливерпул сè повеќе покажува слабости во неговите настапи. Тимот од „Енфилд“ беше прв со предност пред Манчестер Сити, но по две нерешени средби во последните 5 натпревари му дозволија на Манчестер Сити да избие на челната позиција.

    Сепак, фудбалерите на Јирген Клоп остануваат исклучително опасен ривал кој може да ги надмине проблемите кои му се појавија. Значи домашните играчи денес треба да бидат максимално сконцентрирани за да не добијат тежок удар на домашен терен. Баерн продолжува да има сериозни кадровски проблеми пред денешниот натпревар. Корентин Толисо и Кингсли Коман се повредени и го пропуштаат вечерашнуиот меч заедно со казнетите Томас Милер и Џошуа Кимих. Ариен Робен и Давид Алаба, кои исто така се жалеа на проблеми и не се во оптимална состојба ќе бидат во комбинација.Во Ливерпул, добрата вест е враќањето на неизвесниот Вирџил Ван Дајк. Сепак, Џо Гомез, Алекс Окследид-Чемберлен и Дејан Ловрен останаа надвор од комбинација за оваа средба, а Наби Кеита поради повреда отпадна во последен момент.

    БАЕРН МИНХЕН – ЛИВЕРПУЛМожни состави:БАЕРН: Нојер, Рафиња, Зуле, Хумел, Алаба, Тиаго, Мартинез, Гнабри, Хамес, Рибери, Левандовски.ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александар-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Мане, Салах, Фирмино.Стадион: „Алијанц Арена“-  Минхен. Судија: Даниеле Орсато (Италија)

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо

    30/11/2023

    Хаким Зиеш е трет играч кој постигнал два гола од слободен удар на еден меч во ЛШ

    30/11/2023

    Арсенал со највисока победа на англиски тим против француска екипа

    30/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо
    • Хаким Зиеш е трет играч кој постигнал два гола од слободен удар на еден меч во ЛШ
    • Арсенал со највисока победа на англиски тим против француска екипа
    • Гави успешно опериран, но ќе ги пропушти ЕП и ЛОИ во 2024 година
    • Белингем е четвртиот играч кој постигнал 10 гола во ЛШ пред да наполни 21 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.