Францускиот дефанзивец Танги Нианзу официјално го замени Баерн Минхен со Севиља, потпишувајќи договор до 2027 година.
Шпанците ќе платат 16+4 милиони евра, а Баварците се очекува да добијат процент од секоја идна продажба. Дополнително, вклучена е и клаузула, според која шампионот на Бундеслигата ќе има право да си го врати играчот за одредена сума.
Нианзу (20) помина две години во Минхен откако се приклучи како слободен агент од Пари Сен Жермен. Минатата сезона за Баерн учествуваше на 22 натпревари во сите натпреварувања. Спортскиот директор на Германците Хасан Салихамиџиќ објасни дека трансферот се случил по експресна желба на фудбалерот кој сакал почесто да игра.