Традиционално, шампионот, а во случајов Баерн Минхен ќе ја отвори новата сезона во германската Бундеслига. Овојпат Баварците ќе ја пречекаат Херта (Берлин) на 16 август (петок) во 20:30 часот. Ова е јасно по денешната ждребка со која е познат календарот за новата сезона во Бундеслигата.
Главниот ривал на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, во првото коло го пречекува Аугсбург. Борусија (Менхенгладбах) ќе игра против Шалке 04 во дербито на колото.
Двата дуели меѓу Баерн и Борусија Дортмунд ќе се играат во 11-то и 28-то коло. Средбите помеѓу Борусија (Д) и Шалке 04 се закажани за 9-то и 26-то коло. Единственото градско дерби – Херта против Унион (Берлин), ќе се игра во 10-то и 27-то коло.
57-то првенство во Бундеслигата ќе заврши на 16-ти мај 2020 година, а меѓувреме ќе има и зимска пауза.
Бундеслига, 1 коло:
Баерн Минхен – Херта
Борусија Дортмунд – Аугсбург
Баер (Леверкузен) – Падерборн
Борусија (Менхенгладбах) – Шалке 04
Волфсбург – Келн
Ајнтрахт (Франкфурт) – Хофенхајм
Вердер (Бремен) – Фортуна (Дизелдорф)
Фрајбург – Мајнц
Унион Берлин – РБ Лајпциг

