Бразилското крило Даглас Коста ќе се врати во Јувентус на лето, откако Баерн (Минхен) не планира да го задржи играчот кој е позајмен за оваа сезона, пренесува „Тутоспорт“.
Од друга страна раководството на „старата дама“ исто така нема желба да го има Бразилецот и отсега бараат потенцијално заинтересирани клубови за овој играч. Даглас Коста одигра 11 натпревари, гима еден ол и асистенција за Баерн во Бундеслигата оваа сезона.
Неговиот договор со италијанскиот клуб е до летото 2022 година, а во зима се зборуваше за интерес кон него од Милан. Во слична ситуација се наоѓаат и – Матеа Перин, Марко Пјаца и Даниеле Ругани, кои ќе се вратат во Торино, но оттаму веднаш ќе бараат нови клубови.

