Фудбалскиот ветеран во редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери, ќе остане на „Алијанц Aрена“ уште една сезона, потврди денеска гигантот од Баварија.
Французинот се активираше во германскиот состав во 2007 година и од тој миг па се досега, успеа да освои осум шампионски титули во Бундеслигата. Брзоногиот играч има реализирано 247 мечеви за тимот од Минхен и постигнато 80 погодоци. Рибери со Баерн беше европски шампион во 2013 година кога го доби и признанието за најдобар фудбалер на Стариот континент. Потврда за новата соработка меѓу двете страни дојде и од спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.
„ Задоволни сме бидејќи Франк Рибери ќе остане во нашиот тим уште една сезона. Тој има големо искуство и постојано ги покажува неговите квалитети“ -изјави Салихамиџиќ.