Извлечени се паровите за четвртфиналните натпревари од Купот на Германија во сезоната 2019-2020 година. Актуелниот носител на трофејот Баерн Минхен ќе оди во Гелзенкирхен кај Шалке 04, тоа е дербито на четвртфиналето од Купот на Германија.
Парови за 1/4 финале – Куп на Германија:
Баер Леверкузен – Унион Берлин
Шалке 04 – Баерн Минхен
Ајнтрахт Франкфурт – Бремен Бремен
Сарбрикен – Фортуна Дизелдорф
Натпреварите ќе се играат на 3 и 4 март.
Најтрофејен клуб во историјата на германскиот куп е Баерн Минехн кој го освоил трофејот 19 пати. Второто место со големо заостанување го држи Вердер Бремен, кој шест пати го освоил германскиот куп. Третото место го делат Шалке 04 и Ајнтрахт (по пет трофеи).