Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ќе мора да паузира два натпревари откако доби црвен картон на последниот првенствен меч со Дармштад.
Искусниот фудбалер минатиот викенд заработи исклучување и затоа е под суспензија. Интересно е што тој заработи црвен картон по само четири минути игра, додека гостите од Дармштад го завршија мечот со двајца играчи помалку.
Баерн (М) по ремито 0:0 во првиот дел, во вториот му даде дури 8 гола на Дармштад на споменатиот меч .
Кимих поради овој црвен картон ќе ги пропушти натпреварите со Борусија Дортмунд и Хајденхајм.

