Баерн Минхен сигурно ќе се раздели со уште еден играч пред крајот на преодниот рок. Баварците денеска влегуваат во преговори за продажба на младиот напаѓач Џошуа Циркзее, пишува „Билд“.
21-годишниот напаѓач го бараат два англиски клуба, плус Штутгарт, а сега во битката за неговиот потпис ќе се вклучи и Аугзбург. На „Алијанц Арена“ сакаат да добијат најмалку 15 милиони евра за Холанѓанецот кој има договор на уште една година.
Минатата сезона Циркзее играше како позајмен во Андерлехт.