Баерн Минхен постигна уникатно достигнување во тековната сезона на УЕФА Лигата на шампионите 2022/2023.
Момците на Јулијан Нагелсман ги добија сите шест средби од тековната групна фаза, остварувајќи 100% успех. Во првиот круг минхенскиот клуб ги победи Интер, Барселона и Викторија Пилсен со 2:0, 2:0 односно 5:0, додека во вториот круг минхенци славеа со 4:2 над Викторија Плзен, а потоа со 3:0 и 2:0 ги совладаа Барселона и Интер. Со оглед на тоа што денеска нема тим кој може да стигне до максимални 6 победи во групната фаза, баварците се единствените со таков успех оваа сезона.