Баерн (М) и натаму силно сака да го ангажира дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лигт со договор до 2027 година, тврди новинарот Флоријан Плетенберг.
Според изворот, страните веќе имаат устен договор за трансферот. Клубот од Минхен ја подготвува првата официјална понуда до „бјанконерите“.
Во исто време, Јуве планира да го доведе дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали на местото на 22-годишниот Холанѓанец.

