Баерн Минхен официјално го претстави новото засилување во името на десниот бек Саша Бои. Тој во Минхен доаѓа од тимот на Галатасарај во трансфер вреден 30 милиони евра. Дополнителни 5 милиони ќе бидат во вид на бонуси.
Покрај сето ова, Галатасарај договори и две пријателски средби со Баерн Минхен на турско тло. Бои потпиша 4,5-годишен договор со Баварците до јуни 2028 година.