Дефанзивецот Никлас Зуле е првиот фудбалер кој ќе го напушти актуелниотсостав на германскиот првак Баерн (М) по завршувањето на сезоната. Тој на лето заминува како слободен играч, откако не успеа да се договори за продолжување на соработката со извршниот директор на клубот Оливер Кан.
„Му дадовме понуда, која тој не ја прифати. Фудбалерот го направи својот избор“, призна Кан.
Баерн пред неколку години го донесе Зуле од Хофенхајм за 20 милиони евра.