Раководствата на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед се многу блиску до склучување на договор за централниот дефанзивец на германската репрезентација, Џером Боатенг.
И двете екипи минатата ноќ одиграа пријателски меч во Минхен, кој им припадна на Германците со 1:0. Пред и по дуелот, шефовите на двата клуба имале длабоки разговори за евентуалната продажба на германскиот фудбалер.
Некои информации велат дека Баерн е подготвен да го ослободи Боатенг за 50 милиони евра. “Црвените ѓаволи” треба да се побрзаат бидејќи имаат сериозна конкуренција во ПСЖ, а згора на тоа за само неколку дена завршува преодниот рок во Премиер лигата.