Според резултатите од минатата сезона, Баерн Минхен постави нов клупски рекорд според остварениот профит. Во сезоната 2018/19, прометот на минхенскиот клуб изнесуваше 750,5 милиони евра – рекордно високо ниво.
Според весникот „Билд“, Баварците успеала да постигнат такви резултати благодарение на големите договори со спонзорите, продажба на ТВ права, како и од приходите на продажбата на влезници. Забележано е дека нето-добивката на Баерн Минхен изнесува 52,5 милиони евра. Во однос на претходната сезона, нето-порастот на добивката на тимот од Минхен изнесуваше 78%.
Минатата сезона Баерн го освои првото место во Бундес-лигата, пред Боусија Дортмунд со два бода предност. Оваа сезона, екипата од Минхен по три кола се наоѓа на третото место.
