Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн (Минхен) бара купувач за играчот за врска Корентин Толисо
    Фудбал

    Баерн (Минхен) бара купувач за играчот за врска Корентин Толисо

    risteBy riste20/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германскиот шампион е подготвен да се раздели со 26-годишниот Французин за сума од 20 милиони евра, пишува „Л’Екип“. Договорот на играчот истекува за една година и од „Алијанц Арена“ сакаат да го продадат сега за да не го изгубат без пари следното лето.

    Не недостасува интерес за овој фудбалер, бидејќи Јувентус и Наполи се заинтересирами за него. Сепак, двата клуба се двоумат дали да дадат понуда или да чекаат 12 месеци и да го земат без пари.

    Сепак, се чини дека Јувентус размислува сега да го купи Толисо. На ова инсистира новиот тренер Масимилијано Алегри. Јувентус треба да го засили средниот ред, кој минатата сезона не беше на потребното ниво. Покрај тоа, Артур има повреда што ќе го извади од игра првите неколку месеци од сезоната.

    Самиот Толисо се чини дека е склон да ја промени ситуацијата. Тој имаше многу тешка сезона во која не играше многу поради повреди. Прво имаше проблем со мускулите, а потоа ја повреди тетивата. Поради ова, тој одигра само 24 натпревари за време на сезоната. Играчот од средниот ред сепак успеа да се опорави на време за почетокот на Евро 2020 и беше меѓу избраниците на Дидие Дешамп, а одигра 3 натпревари на ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Димитриевски во „Тимот на колото“ во Европа

    17/08/2022

    Мурињо го контактирал Белоти за да го донесе во Рома

    17/08/2022

    Баерн (М) до крајот на летото ќе продаде уште еден фудбалер

    17/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дрита Ислами последна во квалификациите на 400 метри со пречки на ЕП
    • Димитриевски во „Тимот на колото“ во Европа
    • Мурињо го контактирал Белоти за да го донесе во Рома
    • Баерн (М) до крајот на летото ќе продаде уште еден фудбалер
    • Манчестер Ј. подготвен да плати 50 милиони фунти за Каземиро
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.