Баерн (Минхен) денеска очекува понуда од друг клуб за својот голгетер Роберт Левандовски, тврди германскиот весник „Билд“.
Најверојатно денеска ќе се одржи состанок меѓу раководството на клубот и агентот на играчот Пини Захави, на кој се очекува менаџерот да достави понуда за напаѓачот. Фудбалскиот агент е близок пријател на претседателот на Барселона Жоан Лапорте и наводно првиот човек на шпанскиот гигант им најавил на навивачите на тимот дека трансферот на полскиот фудбалер е „можен“. Левандовски има договор со Баерн до 2023 година. Според спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ, тој ќе остане.
„Билд“ тврди дека односот меѓу Левандовски и тренерот Јулијан Нагелсман не е добар, бидејќи полскиот напаѓач смета дека шемата на игра на тимот му дава помалку можности за постигнување голови.