Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ потврди дека клубот е во преговори за ангажирање на голманот на Борусија Менхенгладбах Јан Зомер.
„Не сакам да зборувам за играчи од други клубови, но преговараме за Зомер. Ги разгледуваме нашите опции и наскоро ќе донесеме одлука“, изјави Салихамиџиќ за Скај Германија.
Мануел Нојер ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скршеница на ногата, па на Баерн му треба нов голман за позицијата број 1.
Се разгледуваше опцијата за враќање на Александар Нубел од Монако, но двете страни имаат потешкотии во преговорите.
Според претходно дадените информации, желбата за преселба во Баерн ја најавил и самиот 34-годишен Зомер, чиј договор со Борусија истекува летото 2023 година. Неговиот сегашен клуб бара 5 милиони евра за јануарскиот трансфер.