Раководството на Баерн Минхен има зацртана цел, а таа е да го донесат во своите редови Хјун-Мин Сон, информираше „Калчомеркато“.
Кореанецот е меѓу варијантите за крилен напаѓач на местото на ветераните Франк Рибери и Ариен Робен, кои тешко дека ќе останат во клубот. На крајот на сезоната, Французинот ќе има 36 години, а неговиот холандски колега ќе наполни 35.
Во моментов, Сон е во сопственост на Тотенхем, но стана популарен во Бундеслигата. Тој првично беше во Хамбургер, а потоа играше за Баер Леверкузен. Кингсли Коман и Серж Гнабри се фудбалерите кои оваа сезона се задолжени да ја пополнуваат позицијата на Рибери и Робен. Првиот сепак пак е повреден, а на младиот германски репрезентативец му треба време за да се навикне со новите соиграчи.