Баерн Минхен официјално го ангажираше крилото на Кристал Палас, Мајкл Олисе, се пофали германскиот клуб. Младинскиот репрезентативец на Франција стана второто ново засилување на Баварците ова лето, откако гигантот од Минхен ја плати неговата ослободителна клаузула од 60 милиони фунти (53 милиони евра).
Тимот на Винсент Компани успеа да ја победи конкуренцијата од англиските Њукасл Јунајтед, Челзи и Манчестер Јунајтед за потписот на крилниот напаѓач. Самиот Олисе потпиша петгодишен договор со клубот од Алијанц Арена.
Мајката на Олисе има француско-алжирско потекло, а неговиот татко е Нигериец. Офанзивниот играч за врска е роден во Лондон и дојде преку академиите на Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Ридинг. Минатата сезона во Премиер лигата постигна 10 гола и направи 6 асистенции. Тој ќе игра за Франција на Олимписките игри во Париз, а Баерн веќе гарантира дека нема да има пречки за него.