Дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт се пресели во Баерн. Ова го соопшти прес-службата на клубот од Минхен.
Договорот со 22-годишниот фудбалер е со важност до 30 јуни 2027 година.
Де Лихт дојде во Јувентус во 2019 година од Ајакс. На 117 натпревари за клубот од Торино постигна осум гола и даде три асистенции.
Договорот меѓу двете страни имаше важност до 2024 година, но играчот се одлучи да направи нов предизвик и да се пресели во шампионот на Германија.