Баерн Минхен продолжува да бара долгорочна замена за Мануел Нојер. Една од опциите е мексиканскиот голман од екипата на Круз Азул, Кевин Миер, објавија медиумите во Германија. Миер има 24 години и ослободителна клаузула вредна 15-20 милиони евра.
Баварците будно ја следат ситуацијата со него. Извештаите велат дека Круз Азул нема да се раздели со него за помалку од неговата клаузула за ослободување.
Миер го привлече вниманието на Баерн со својата добра работа со нозете. Во изминатата сезона има 25 натпревари на кои ја сочува својата мрежа на 13 натпревари.
Договорот на Миер е до летото 2029 година. Тој дојде во Круз Азул на почетокот на сезоната од Атлетико Национал. Играше и за Индепендиенте Санта Фе, каде беше на позајмица.
Многу брзо Мануел Нојер ќе го продолжи договорот со Баерн на уште една сезона. Баварците во моментов како алтернативи на својот гол ги имаат и Даниел Перец и Александар Нубел. Вториот игра на позајмица во Штутгарт.

