Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Александар Павловиќ, беше опериран откако ја скрши клучната коска при победата од 4:0 над Штутгарт во саботата вечерта, соопшти бундеслигашот.
Павловиќ го напушти теренот повреден во воведните минути од натпреварот откако тешко падна на неговото рамо. Повредата ќе го остави германскиот репрезентативец надвор од терените „следните неколку недели“, соопшти Баерн.
Од клубот додаваат дека прегледот по натпреварот ја потврдил повредата и Александар Павловиќ утрово бил успешно опериран. Тоа е уште еден удар за 20-годишниот играч од средниот ред, кој се смета за еден од најталентираните млади играчи во германскиот фудбал.
Павловиќ беше дел од националниот тим на Германија за ЕП 2024, но беше исфрлен од списокот поради болест на само четири дена пред почетокот на турнирот.
Баерн Минхен во среда ќе се соочи со Барселона во Лигата на шампионите.

