Баерн (Минхен) ја одби втората понуда на Барселона за Роберт Левандовски, пренесуваат каталонските медиуми. Понудата беше за 32 милиони евра плус 5 милиони бонуси.
Германскиот шампион веќе потврди дека ќе се раздели со Левандовски, но за него сака да добие нето сума од 40 милиони евра.
Во меѓувреме, Баерн преговара за замена во нападот и тоа со Садио Мане. Баварците веќе имаат договор со играчот, но не и со Ливерпул, кој исто така сака околу 40 милиони евра за него. Левандовски е на одмор во Мајорка додека чека да се расчисти целата ситуација.
Во меѓувреме, во Англија се појавија информации дека Челзи ќе се обиде да се вклучи во битката за полскиот напаѓач. Томас Тухел сака тој да го замени Ромелу Лукаку. Исто така и Пари Сен Жермен ја следи ситуацијата, иако Левандовски ја посакува Барселона. Сепак, финансиската состојба на Каталонците го прави трансферот неизвесен.