Раководството на Баерн (Минхен) оваа недела планира да упати втора понуда до Тотенхем за Хари Кејн. На 27 јуни Баварците ја испратија својата прва официјална понуда која беше вредна 60 милиони фунти плус бонуси.
Се очекуваше веднаш да биде одбиен од претседателот Даниел Леви, кој уште еднаш изјави дека неговата голема ѕвезда не е на продажба. Според „Дејли Мејл“, новата понуда на Баварците ќе биде многу подобра и ќе вреди околу 80 милиони фунти плус бонуси.
Од „Алијанц Арена“ веруваат дека оваа понуда ќе биде доволна за успешно финализирање на трансферот. Флоријан Плетенберг тврди дека двата клуба се во директен контакт, а и самиот напаѓач веќе изразил желба да се пресели во Баерн.