Раководството на Баерн во наредните години ќе работи напорно на значително намалување на платниот список на клубот, пренесува „Кикер“. Според изворот, пред сè, тимот од Минхен планира да заштеди на платите на младите играчи на тимот – Џамал Мусиала и Алфонсо Дејвис.
Клупските газди немаат намера да му плаќаат на канадскиот дефанзивец 13 милиони евра годишно според новиот договор. Исто така, раководството на германскиот тим смета дека Мусиала се уште не најде стабилна игра и затоа не заслужува значително зголемување на платата.
Сезонава Мусиала има 24 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и три асистенции. Дејвис одигра 27 натпревари и успеа да постигне еден гол и да даде и три асистенции. Проценетата цена на играчите, според интернет порталот Трансфермаркт, е 110 милиони евра, односно 70 милиони евра. Претходно беше објавено дека Манчестер Сити е заинтересиран за играчот од средниот ред на Баерн, Џамал Мусиала.

