Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен, најави дека ќе го направи најскапиот трансфер во историјата на тимот. Баварците го договориле ангажманот на левиот бек на Атлетико Мадрид, Лукас Хернандес.
За репрезентативецот на Франција ќе бидат платени големи 85 милиони евра а целиот трансфер ќе се реализира веднаш во почетокот на наредната година. Хернандез со екипата од „Алијанц Арена“ ќе потпише договор на четири и половина години.
Најскапиот трансфер во историјата на Баерн Минхен е направен во 2017 година кога на Лион му беа платени 41,5 милиони евра за потписот на Корентин Толисо.

