Првата ѕвезда на Реал Мадрид Кристијано Роналдо постигна гол 26 пати во 22 натпревари против германските тимови, според статистичките податоци објавени во весникот „АС”.
Ова во просек изнесува 1,18 гола по натпревар. Минатата сезона, Кристијано Роналдо успеа да постигне пет од шесте голови во пресметаката со Баерн Минхен во 1/4 финалето. Португалецот има 9 гола во 6 натпревари со Баварците.
Неговиот јубилеен гол број 100 во Европа беше постигнат токму во Минхен. Сето ова му оди во прилог на Крисијано Роналдо пред мечот на „Алијанц арена“ која се игра во среда навечер од 20.45 часот.