Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изјави дека клубот нема да дозволи напаѓачот Роберт Левандовски да настапи на средбата од квалификациите за СП 2022 против Англија поради ограничувањата наметнати од пандемијата КОВИД-19.
„Нема да можеме да го ослободиме Левандовски ако има задолжителен карантин за повратниците од Англија и тој остане на сила“, изјави Салихамиџиќ.
Натпреварот Англија – Полска ќе се одигра на 31 март во Лондон. Роберт Левандовски ќе може да игра на другите два натпревари против Унгарија (25 март) и Андора (27 март).

