Баерн (Минхен) не се откажал од идејата да го привлече во својот состав крилото на Челзи Калом Хадсон-Одој.
Германскиот шампион одамна е заинтересиран за талентираниот млад играч, а според „Дејли Меил”, тимот од Минхен е подготвен да испрати нова понуда за овој фудбалер во вредност од 45 милиони фунти. Тоа е 10 милиони повеќе од првата понуда испратена во јануари.
Спортскиот директор на Баерн Хасан Салихамиџиќ призна неодамна дека клубот продолжува да има интерес кон Хадсон-Одој, без разлика што новиот менаџер на Челзи, Френк Лампард најави дека планира да се потпира на 18-годишниот талент.
На „Алијанц Арена” се заинтересирани за привлекувањето на крилото, а во него гледаат соодветен заменик на Ариен Робен и Франк Рибери.