Германскиот гигант Баерн Минхен повторно ќе се насочи кон Премиер лигата, овој пат ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Челзи, Трево Чалоба, известува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Ова ќе биде зделката што ќе овозможи да се комплетира уште еден трансфер – тој на Бенжамин Павард во Интер откако се е договорено, но Баварците сакаат прво да привлечат замена за него и дури потоа Французинот официјално да заврши на „Џузепе Меаца“.
24-годишниот Чалоба не е меѓу првите избори на Маурисио Покетино за центарот на одбраната и лондончани нема д аимаат ништо против да се разделат со него за вистинската понуда. Томас Тухел, кој сега е на чело на Баварците, е голем фан на играчот и токму тој го форсираше за време на престојот на „Стемфорд Бриџ“.
Дефанзивецот, исто така, е заинтересиран за договорот да се реализира за да може да игра редовно во текот на целата сезона. Ова би бил втор трансфер на Баерн од Премиер лигата, откако тие платија околу 100 милиони евра на Тотенхем за Хари Кејн.