Баерн (Минхен) вечерва од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ е домаќин на РБ Салцбург во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите.
Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без победник – 1:1. Тоа значи дека на домаќините им е потребна било каква победа за да одат понатаму, бидејќи е отфрлено правилото за гол на гости.
Во првиот натпревар германскиот тим не беше убедлив и стигна само до нерешен резултат дури на крајот од мечот.
Баварците сега ќе го имаат повратникот, голманот Мануел Нојер, кој се повреди и досега пропушти пет натпревари за својот тим. Сепак, Леон Горецка, Алфонсо Дејвис и Корентин Толисо сигурно го пропуштаат мечот, а во групата се врати Лук Ернандез.
Баерн има извесна предност на натпреварот, но во последните натпревари, вклучително и оној во Австрија, покажа слабости. Од седум натпревари, тимот предводен од Јулијан Нагелсман успеа да одржи само една „сува мрежа“. Враќањето на Нојер на голот е дефинитивно позитивна вест за навивачите на тимот.
Воедно, Австријците не ја загубија храброста да ги одмерат силите со гигантот од Минхен. РБ Салцбург веќе покажа заби на првата средба и денеска ќе се обиде да го повтори сработеното.
Веројатни состави:
Баерн: Нојер, Павар, Зуле, Упамекано, Ернандез, Кимих, Мусиала, Сане, Милер, Коман, Левандовски.
РБ Салцбург: Кон, Улмер, Вебер, Пјатковски, Кристенсен, Сејвалд, Камара, Капалдо, Аронсон, Адаму, Адејеми.