Со освојувањето на својата осма последователна титула во Германија, Баерн (Минхен) се изедначи со италијанскиот Јувентус во најдолга серија на освојување на титули меѓу екипите од најдобрите 8 првенства во Европа.
„Старата дама“ има осум последователни триумфи во Серија А, но може да дојде и до девета титула во серија доколку стане пшампион и сезонава.
Баерн ја освои Бундеслигата во 2012/13 година и доминира од тогаш, а Јувентус доминира во Серија А од 2011/12 година, тоа се двете најдолги серии на освојување на титулата во овие земји. Следен е францускиот Олимпик Лион, кој освои шест последователни титули на Лига 1 за периодот 2003-2008 година.
Во Шпанија најдолгата низа ја има Реал Мадрид со пет први места меѓу 1985 и 1990 година. Во Англија, лидер во овој поглед е Манчестер Јунајтед, кој двапати освои три последователни титули – прво меѓу 1999 и 2001 година, а потоа и помеѓу 2007 и 2009 година. Од другите големи лиги, Спартак (Москва) може да се пофали со шест последователни титули за периодот 1996-2001 година, Порто стана петкратен шампион на Португалија помеѓу 1995 и 1999 година, а во Холандија ПСВ Ајндховен двапати и Ајакс еднаш имаат серија од 4 последователни титули.