Германскиот гигант Баерн (Минхен) најверојатно ќе се откаже од идејата да го привлече напаѓачот на Челзи Калум Хадсон-Одој.
Причината е повредата што ја заработи овој играч на натпреварот против Барнли (2:2). 18-годишниот талент има повреда на ахиловата тетива и се очекува да закрепне за околу 6 месеци. Како што пренесува весникот „Билд“, во Баерн се загрижени за веста по повредата на Хадсон-Одој.
Баварците размислуваат за значителено трансфер инвестирање ова лето, но сега ќе се насочат кон други играчи. Сепак, Хадсон-Одој може да се пресели на „Алијанц Арена“ како слободен агент по завршувањето на договорот со Челзи во 2020 година.