Германскиот шампион Баерн Минхен направи голем удар на трансфер пазарот со потпишувањето на пет години со освојувачот на светската шампионска титула Бенжамин Павар. Овој играч ќе го чини Баерн околу 40 милиони евра.
Веста беше потврдена од спортски директор Хасан Салихамаџиќ за време на кампот во Катар. 22-годишниот универзален дефанзивец на Штутгарт ќе ги засили Баварците во текот на летото.
Како што е познато, имаше голем интерес за Французинот од голем број европски гиганти, вклучувајќи го шпанскиот шампион Барселона.
„Да, можам да потврдам дека Бенжамин Павар ни доаѓа од 1 јули 2019 година. Тој потпиша петгодишен договор со Баерн”, рече Салихамиџиќ.
Павар долго чекаше за нова понида од Минхен, но тој самиот негираше дека потпишал прелиминарен договор. Имаше интерес за него во текот на летото, но тој одлучи да му помогне на Штутгарт уште една сезона.