Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн (Минхен) со најмногу играчи во полуфиналето на Светското првенство
    Фудбал

    Баерн (Минхен) со најмногу играчи во полуфиналето на Светското првенство

    risteBy riste13/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Баерн (Минхен) има најмногу играчи меѓу полуфиналистите на Светското првенство во Катар, а веднаш зад нив се шпанските Атлетико Мадрид и Севиља, покажуваат податоците.

    „Баварците“ имаат дури 6 претставници од Франција, Хрватска, Мароко и Аргентина кои се пласираа во оваа фаза. Со исклучок на Аргентина, гигантот од Минхен во полуфиналето има играчи од сите други земји – дури 4 во Франција (Павар, Упамекано, Коман и повредениот Лука Ернандез), Станишиќ во Хрватска и Мазрауи од Мароко. Шпанските Атлетико Мадрид и Севиља се зад Баерн со 5 играчи меѓу полуфиналистите на Светското првенство.

    За Атлетико Мадрид играат Аргентинците Молина, Де Пол и Анхел Кореа, како и ѕвездата на Франција Антоан Гризман и резервниот голман на Хрватска Иво Гурбиќ. Севиља има и тројца претставници во Аргентина – Акуња, Монтиел и Папу Гомез, како и мароканските репрезентативци Јасин Боно и Јусеф Ен-Незири. Динамо (Загреб) во полуфиналето е претставен со дури 4 играчи, секако сите од Хрватска – голманот Ливаковиќ, дефанзивецот Шутало и напаѓачите Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ. На овој начин хрватскиот клуб по овој показател е пред европските гиганти како Манчестер Јунајтед, Барселона и Милан.

    Во полуфиналето со 4 играчи е и европскиот клупски шампион Реал Мадрид, а треба да појасниме дека покрај Лука Модриќ, Чуамени и Камавинга тука е и освојувачот на „Златната топка“ Карим Бензема, иако тој се повреди пред првенството и не се пријави ниту минута за Франција. Мароканецот Видад Казабланка има тројца играчи во полуфиналето (сите од мароканскиот тим), на исто ниво со тимови како ПСЖ, Јувентус и Тотенхем.

    Екипите на Баерн Минхен  и Интер ќе ја задржат традицијата и сигурно ќе имаат претставник во финалето на Светското првенство, бидејќи тоа постојано се случува од 1982 година. Атлетико Мадрид, Тотенхем и ПСЖ исто така сигурно ќе имаат барем еден играч во финалето на Светското првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.