Баерн Минхен ќе добие над 120 милиони евра по нивниот настап во Лигата на шампионите. Ова е најголемата сума во историјата на ова натпреварување.
Приходот на Баерн, кој стигна до финалето, се состои од следниве компоненти: 15,25 милиони евра за пласман во групната фаза, 16,2 милиони евра за шест победи во групната фаза, 9,5 милиони евра за пласман во 1/8 финалето, 10,5 милиони евра за пласман во четвртфиналето и 15 милиони евра за пласман во финалето. Доколку екипата на Ханзи Флик победи во решавачкиот натпревар на турнирот, тие ќе заработат уште 4 милиони и 3,5 милиони евра за влез во Суперкупот на УЕФА. Клубот, исто така, ќе добие 11,5 милиони евра од ТВ-правата и 33,2 милиони евра за третото место во настапот во Лигата на шампионите во последните 10 години.
Претходниот рекорд го држеше Барселона, која заработи 117,73 милиони евра во 2019 година. Финалниот натпревар во Лигата на шампионите 2019/2020, Баерн Минхен – ПСЖ ќе се одигра во Лисабон на 23 август (недела) со почеток во 21 часот.