Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Рајан Гравенберх може да биде позајмен ова лето, тврдат извори блиски до баварскиот гигант.
Не е спорно дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за играчот. Самиот играч е подготвен да го напушти Баерн дури и на трајна основа.
Сепак, Баерн (М) не е подготвен во овој момент да го продаде, па најверојатно ќе се одлучи само за негова позајмица. Минатата сезона, 21-годишниот играч од средниот ред само неколку пати стартуваше во шампионскиот тим на Баварците.