Германскиот гигант Баерн Минхен планира да раздели со дефанзивецот Жeром Боатенг ова лето, објавија медиумите во Германија.
Според истите, германскиот клуб има намера да го продаде 31-годишниот дефанзивец во овој трансфер период. Од друга страна интересно е тоа што во моментот Баерн не добил никакви понуди за трансфер и не преговара со никој клуб. Самиот играч би сакал да остане во клубот, за да го исполни својот договор, кој важи до 2021 година, но постои опција и да го продолжи.
Претходно беше објавено дека англиските клубови Челзи и Арсенал се заинтересирани за услугите на фудбалерот. Во последната сезона од Бундеслигата, Боатенг одигра 24 натпревари и имаше две асистенции.