Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих повеќе не е на списокот на недопирливи играчи и е достапен за продажба. Новинарот на „Кикер“, Георг Холцнер, ова го објави на својот Твитер.
Според изворот, доколку Баерн добие добра понуда за трансфер на Кимих, тогаш раководството на Баерн ќе биде подготвено да разговара за потенцијален договор. Претходно, тренерот на Барселона, Чави, изрази интерес за потписот на Кимих.
28-годишниот Кимих минатата сезона имаше 47 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и 11 асистенции. Договорот на германскиот играч за врска со Баерн Минхен е до јуни 2025 година. Неговата пазарна цена во мометов е поставена на 75 милиони евра.

