Баерн (Минхен) ја потврди информацијата за позитивен тест за коронавирус на Томас Милер. Сепак, сите други во тимот се здрави.
Фудбалерот е веќе изолиран и нема да учествува на вечерашното финале на Светското клупско првенство во Доха. По враќањето во Германија, Милер ќе биде ставен во карантин.
Поради КОВИД-19, Леон Горецка и Хавиер Мартинез воопшто не заминаа за Катар, а вчера Жером Боатенг по итна постапка го напушти кампот откако неговата поранешна девојка изврши самоубиство.
Во битката за трофејот, Баерн Минхен ќе игра против мексиканскиот Тигрес, а натпреварот ќе започне вечерва во 19 часот.

