Управата на германскиот шампион Баерн разговарала за опциите за казнување на Садио Мане затоа што го удрил Лерој Сане во лице по мечот со Манчестер Сити.
Претходно беше објавено дека по натпреварот Мане во соблекувалната нападнал Сане и го удрил во лицето и му ја раскрварил усната. Според германските медиуми, во Минхен се разговарало за можните опции за казнување на Сенегалецот, вклучувајќи парична казна, суспензија, па дури и раскин на договорот.
Садио денеска пристигна на тренинг на Баерн и се очекува да се извини за инцидентот пред сите соиграчи од тимот.