Баерн има намера да го задржи Жоао Кансело и следната сезона, но има еден услов кој сака да биде исполнет. Во моментов Португалецот игра како позајмен од тимот на Манчестер Сити, но договорот му истекува на крајот од сезоната. „Баварците“ се подготвени да му понудат на играчот перманентен договор, но за ова Манчестер Сити мора да ги намали финансиските побарувања.
Во договорот меѓу Баерн и Сити пишува дека Кансело може да се пресели на „Алијанц“ со траен договор за сума од 70 милиони евра. Баерн вели дека во ваква ситуација со Кансело не е подготвен да плати толкава сума. Тие ќе се обидат да ја намалат откупната клаузула за најмалку 20 милиони евра.